Денвер Нагетс по продолженијата го победија Њу Орлеанс Пеликанс со 138-130, а Никола Јокиќ на овој меч испиша нови страници во историјата на НБА.
Српскиот кошаркар го заврши мечот со 46 поени, 12 скока и 11 асистенции, а со нов трипл-дабл ја најави кандидатурата за МВП наградата.
Јокиќ додаде уште четири блокади и три украдени топки и стана првиот кошаркар во историјата на лигата кој постигнал најмалку 40 поени, 10 скока, 10 асистенции, 3 украдени топки и 3 блокади на еден натпревар.
Кај поразените Пеликанс се истакна Брендон Инграм, кој исто така беше фантастичен со 38 поени. Од останатите мечеви треба да се издвои победата на Јута Џез над Оклахома Сити Тандер 103-116.
РЕЗУЛТАТИ:
Вашингтон Визарда – Индијана Паксерс 133: 123
Хјустон Рокетс – Мемфис Гризлис 123:112
Оклахома Сити Тандер – Јута Џез 103:116
Денвер Нагетс – Њу Орлеанс Пеликанс 138:130
Кливленд Кавалирс – Торонто Репторс 104:96
ЛА Клиперс – Њујорк Никс 93: 116
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА