Депај – Азар 4-4, исто е, ама не е исто

Мемфис Депај од пенал ја доведе Барселона во водство на вечерашниот дуел со Валенсија, четврти погодок на холандскиот ас кој летово пристигна на „Камп ноу“ и се наметна како најдобро засилување на каталонскиот гигант.

Шпанците веднаш извадија и статистички погодок, Депај за само три месеци успеа да постигне исто број на голови во Ла Лига колку што има и Еден Азар во елитното шпанско фудбалско друштво.

Исто е, ама не е исто, Азар ја игра веќе третата сезона за Реал, додека Депај блеска од самиот почеток на авантурата на „Камп Ноу“.

И не само тоа, туку мора да се истакне и финансискиот аспект, Реал плати 100 милиони евра за Белгиецот од Челси, додека Депај пристигна како слободен играч од Лион.

Се вчитува...