Дерби-коло во Младинската лига „Вардар“

Вистинско кошаркарско уживање ни приредија кошаркарите во три различни генерации и ставија печат на 2017 година. Можеби најтесниот натпревар беше токму првиот помеѓу домаќинот Вардар и ривалот МВП Скопје. Изедначена игра од почеток до крај, кош за кош, одлична одбрана се само неколкуте клучни елементи на овој натпревар. Гацов Дамјан со 28 поени беше лидер на натпреварот.

Иста ситуација беше и помеѓу Петрески од Гостивар и Дрим Тим (Вардар). Квалитетна кошарка ни приредија и на вториов натпревар, меѓутоа во последните минути Петрески со неколку успешни напради по ред успеа да извојува победа со +7. Најефикасен на натпреварот е Давидовски со 26 поени.

Веќе на третиот натпревар Ангели во целата игра беа лидери, иако МЗТ Скопје постојано го напаѓаа гостинскиот кош. Можеби клучен беше и стартот на натпреварот кадешто екипата на Ангели направи 19:02 на крајот на 1/4. Најдобар стрелец беше Љушиќ.

МВП Скопје во генерација 2001 иако го доби натпреварот против КК Плачковица (Радовиш), сепак вистински се намачи низ сите 40 минути. Скоро сите играчи од МВП се запишаа во листата на стрелците , меѓутоа најефикасе беше Илиев со 15 поени.

Оваа последно коло и 2017 година заврши со натпреварот помеѓу Гостивар 2009 и ФМП Академија. Гостиварчани во ниту еден дел од натпреварот не му дозволија на противникот да го преземе резултатот и на крај запишаа 2 бода на табела. Најдобар играч беше Наумоски со 18 поени.

Со лигата се продолжува после распустот, а тоа ќе биде од февруари! Вардар им посакува на сите среќни празници!

 4 kolo - vnatresna

Генерациja 2003

KK Вардар  – KK МВП Скопје 65:64

КК Вардар: Георгиевски 2, Андоновски, Василевски 5, Гацов 28, Станковски 5, Велков 10, Јосифовски 12, Цветановски, Димитриев, Димитровски, Антовски, Киров 3, Шејкеровски

КК МВП Скопје: Милошевски 2, Еминовски, Новевски 4, Маневски 2, Мицов 11, Димитровски 15, Велјановски, Атанасовски, Миливојевиќ 2, Гутовиќ 16, Ристевски 4, Сибиновски 8, Веселиновски, Русев

КК Петрески (Гостивар) – КК Дрим Тим (Вардар) 69:62

КК Петрески: Крајоски, Новески 5, Јовчески 10, Богданоски, Снопче, Исаковски 13, Давидоски, Милошевски, Ѓоргиески 8, Михајловски, Ѓоргиевски Б. 3, Митевски, Милошески М., Речани, Алили 2, Гостовиќ, Давидоски 26, Симјаноски, Тиро 2

КК Дрим Тим: Цветановски 4, Зафировски 5, Илиевски, Тодев 4, Димовски 7, Савевски, Трпковски 2, Стојков 19, Николовски 13, Драгутиновиќ 4, Костовски 1, Јованоски 3

КК МЗТ Скопје – КК Ангели 29:55

КК МЗТ Скопје: Шишковски, Спасовски 2, Петровски, Христовски 2, Ристовски 2, Ајтовски, Тентов 4, Деспотовски, Гиразовски, Милковски 2, Тонев, Тасевски, Пауновски 4, Константиновиќ, Митов 7, Гигов

КК Ангели: Димитровски 6, Трендафиловиќ 4, Николов 6, Кестев 6, Попов, Стојановски 11, Георгиевски Дамјан, Георгиевски Давид, Љушиќ 17, Каранфиловски 2, Морски 3, Дунчевиќ, Џочков

Генерација 2001

КК МВП Скопје – КК  Плачковица (Радовиш) 49:37

КК МВП Скопје: Бутикоски 10, Наумовски 3, Петров 2, Шкоф, Стаменковиќ 9, Минков, Илиевски 2, Софковски, Зафировски 3, Ефтимов, Алексовски 3, Димковски 2, Насковиќ, Илиев 15

КК Плачковица: Божинов 14, Атанасов 2, Стефан Р. 6, Костадинов А., Спасов Љ., Спасов С., Костадинов Ф. 2, Кочовски М., Ѓозев 1, Ситновски 10

Генерација 2005

КК Гостивар 2009 – КК ФМП Академија 47:37

КК Гостивар 2009: Анастасоски З. 7, Наумоски М. 18, Елмази, Петков 2, Наумоски В. 13, Петрески, Кели, Кироски 2, Анастасоски О., Наумчески, Василески, Цветаноски, Милкоски, Каранфилоски, Рушити.

КК ФМП Академија: Стојановски 4, Ангеловски 3, Пиловски 5, Јоксиќ 2, Баждаров 2, Иванов 4, Кодев 1, Стојанов 4, Јаневски 4, Кечовски 12.

Се вчитува...