Дербито без победник, Челси до голем бод на „Енфилд“

Ливерпул и Челси ремизираа 1-1 во дериб-дуелот на третото коло во Премиер-лигата, исход од кои поздоволни можат да бидат „сините“, кои цело второ полувреме го одиграа со фудбалер помалку по исклучувањето на Рис Џејмс.

Ливерпул ја имаше првата неискористена шанса преку капитенот Хендерсон, а казнта стигна кон средината на првото полувреме, кога Хаверц одлично шутираше со глава по еден корнер од левата страна, совладувајќи го Алисон Бекер. „Црвените“ тргнаа во офанзива и успеаја да стигнат до израмнување пред крајот на полувремето, откако Џејмс доби црвен картон за играње со рака на гол-линијата, а Салах го претвори пеналот во израмнувачки погодок.

Очекувано, вториот дел мина во апсолутна доминација на домашните фудбалери. Бункерот на Челси сепак издржа, „црвените“ се обидоа со неколку опасни удари од далечина, Менди ги одбрани сите, па денешното дерби заврши без победник.

Се вчитува...