Дербито во Серија А меѓу Јувентус и Наполи пред одложување

Дербито на 20. коло во италијанската Серија А, меѓу Јувентус и Наполи можно е да биде одложено поради проблеми со коронавирусот.

Натпреварот кој е закажан за 6. јануари се уште не е сигурно дали ќе се одигра, а од италијанската фудбалска федерација размислуваат тој да биде одложен, поради се поголемиот број на позитивни случаи на корона со кои се соочуваат италијанските тимови.

Во деновите по Нова година раководните лица на Серија А ќе имаат состаноци на кои ќе одлучат дали натпреварот ќе може да се игра или ќе мора да биде одложен.

Се вчитува...