Деревен по Вардар се врати назад во Чеховски медведи

Александер Деревен само неколку дена по официјалното заминување од Вардар си најде нов ангажман, договарајќи го својот камбек во редовите на Чеховски медведи.

Рускиот првак, кој минатата сезона се натпреваруваше и во Лигата на шампионите, успеа да го убеди Деревен на камбек, откако левиот бек со успех настапуваше за оваа екипа во периодот од 2012 до 2015 година. Токму добрите игри на Деревен за овој тим против Вардар беа препорака за „црвено-црните“ да го доведат во своите редови, но тешката повреда на коленото го оневозможи овој квалитетен ракометар да ги покаже своите квалитети во дресот на македонскиот првак.

Тој воопшто не влезе во игра на последниот фајналфор турнир во Лигата на шампионите, ретко беше дел од тимот и во СЕХА-лигата, па неговото заминување од Вардар не е никакво изненадување.

Се вчитува...