Десет години од најбизарниот гол во Премиер-лигата (ВИДЕО)

Во сезоната 2009/2010 година Сандерленд го совлада Ливерпул со 1-0, а голот кој го постигна Дарен Бент засекогаш ќе остане запаметен во историјата на англискиот фудбал.

Напаѓачот на Сандерленд шутираше, а топката на патот кон голот на Реина погоди топка за плажа која ја фрли еден од навивачите на домашниот тим. Залудни беа протестите на фудбалерите на Ливерпул, бидејќи голот беше признат.

 

Се вчитува...