Десет минути за Елмас во победата на Наполи против Венеција (ВИДЕО)

Наполи стигна до важна победа во борбата за титулата во Серија А, откако триумфираше со минимални 0-1 на гостувањето кај Венеција во 24. коло. Во 59. минута Наполистигна до водство кога Нигериецот, Осимен на асистенција на Политано постигна гол за 0-1. Конечните 0-2 ги постави Петања во 100. минута од натпреварот.

Македонскиот репрезентативец, Елјиф Елмас мечот го почна од клупата, а на теренот влезе во 79. минута и доби шанса во последните петнаесетина минути од натпреварот. До крајот на мечот за издвојување е директниот црвен картон на играчот на домашните Ебуехи кој го доби во 95. минута.

Со овој триумф Наполи сега се доближи на само бод негатива зад лидерот Интер, кој сепак има натпревар помалку.

Во останатите натпревари од терминот од 15 часот Сампдорија – Сасуоло 4-0 и Болоња – Емполи 0-0.

 

 

Се вчитува...