Десет минути за Пандев, Роналдо кога шутира два пенали, Јуве победува (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо со два пенали го спасуваше Јувентус и му донесе победа од 1-3 на гостувањето кај Џенова.

По првото полувреме без голови, избраниците на Пирло поведоа со голот на Пауло Дибала во 57. минута. Само четири минути подоцна Стураро израмни на 1-1, по што во 78. минута беше досуден пенал кој успешно го реализираше Кристијано Роналдо, во самиот финиш на мечот Роналдо уште еднаш беше прецизен за конечен триумф од 1-3.

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, влезе во 82. минута.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...