Десет ѕвезди кои треба да ги одбележат игрите во Токио

Останува уште само еден ден до церемонијата на свечено отворање на Летните олимписки игри во Токио. Во пресрет на најголемата смотра на спортистите во светот, ви ги издвојуваме десетте ѕвезди кои треба да ги одбележат игрите во Токио.

СИМОНЕ БАЈЛС (ГИМНАСТИКА) 

Откако 16-годишната Симоне Бајлс првпат се појави на светската гимнастичарска сцена стана „кралица“ на игрите во Рио, откако успеа да освои четири златни медали и еден бронзен со што влезе во игра за една од најголемите на сите времиња.

По игрите таа најави дека завршува со гимнастиката, а доколку и во Токио успее барем да го повтори резултатот од Рио ќе ја надмине и легендарната Надја Команечи.

КЕЈЛЕБ ДРЕСЕЛ (ПЛИВАЊЕ) 

Иако ја нема „ѕвездата“ што ја имаше Мајкл Фелпс, Кејлеб Дресел е пливачот кој треба да ги одбележи игрите во Токио. Со само две олимписки злата долг е патот до тоа да го стигне Фелпс кој има 23, но дефинитивно Дресел кој ќе учествува во три индивдуални натпреварувања и четири штафети е човекот кој може да ги одбележи игрите.

ЏЕСИКА СПРИНГСТИН (КОЊЕЧКИ СПОРТОВИ) 

Џесика Спрингстин првпат настапува на едни Олимписки игри, но тоа поради што големо влијание е свртено кон неа е што е ќерка на легендарниот Брус Спрингстин. Годинава има победа на неколку престижни натпреварувања со што се уврстува во една од фаворитите за освојување на медал.

ЛОРЕЛ ХУБАРД (КРЕВАЊЕ ТЕГОВИ) 

Лорел Хубард ќе биде првата трансродова спортистка која ќе настапи во историјата на Олимписките игри. Таа во јуниорска конкуренција ги уриваше рекордите во машка конкуренција, а сега на игрите во Токио има шанси да направи добар резултат во женска конкуренција.

ШЕЛИ ЕН ФРЕЈЗЕР ПРАЈС (АТЛЕТИКА) 

Шесткратната освојувачка на медали од олимписките игри по последен пат ќе тргне во битка за златниот медал. Во 34 година Фрајзер-Прајс доаѓа на игрите во одлична форма трчајќи најбрзо време сезонава на 100 метри и второ во историјата од 10.63 секунди.

НОВАК ЃОКОВИЌ (СРБИЈА) 

Најдобриот тенисер во светот годинава може да испише историја и да биде само вториот тенисер по Штефи Граф кој може да освои златен гранд-слем. По 1988 година кога Германката ги обедини титулите од сите четири гранд-слема и го освои златото на игрите во Сеул, истото годинава може да го оствари и Србинот.

КЕЈТИ ЛЕДЕКИ (ПЛИВАЊЕ) 

Златната девојка на американското пливање ќе се обиде уште еднаш да го потврди епитетот „машкиот Фелпс“. Годинава таа ќе настапи на четири индивидуални трки и минимум две штафети во кои ќе се обиде да стигне до шест златни медали. Сепак, нејзината форма последните години не е како таа во 2016 година па се очекува да видиме колку може Ледеки вистински да понуди во Токио.

ТЕДИ РИНЕР (ЏУДО) 

Веројатно најпознатиот џудиста во историјата, Французинот Теди Ринер ќе се обиде да стане првиот џудиста во историјата кој освоил три златни медали. По златото во Лондон 2012 и Рио 2016, Французинот ќе го нападне златниот медал и во Токио.

САД (ФУДБАЛ) 

И покрај поразот од Шведска во 1. коло, Американките се уште важат за први фаворитки за освојување на олимпиското злато. Тим искомбиниран од супер-ѕвезди како Морган, Рапино, Лојд, Ерц е подготвен да го врати златото во Америка, откако во Рио потрфрлија и испаднаа во четвртфиналето по пенали исто така од Шведска.

КЕВИН ДУРАНТ (КОШАРКА) 

Кевин Дурант ќе биде предводник на американскиот „дрим-тим“ на игрите во Токио. По откажувњето на голем број на ѕвезди како Леброн Џејмс, Стеф Карис, Џејмс Харден, Дурант има задача да ја врати доминантноста на американскиот тим по срамот кој им се случи на светското првенство во Кина.

Се вчитува...