Дешамп ги одреди фудбалерите што треба да ја одведат Франција на мундијалот

Селекторот на француската репрезрнтација, Дидие Дешамп, го објави списокот за претстојните квалификациски дуели против Бугарија и Белорусија за Светското првенство кое ќе се одржи во Русија следната година.

Во националниот состав се вратија Рафаел Варан, Димитри Паје и Муса Сисоко, фудбалерите кои отсуствуваа од средбите со репрезентациите на Холандија и на Луксембург. За „триколорите“ најважен е мечот против националниот состав на Бугарија, по кој со евентуална победа ќе го обезбедат пласманот во групната фаза од Мундијалот. Средбата е закажана на 7. октомври, додека со репрезентацијата на Белорусија ќе се одигра три дена подоцна, односно на 10. октомври.

Од претходната квалификациска сесија недостасуваат Пол Погба, Набил Фекир и Курт Зума.

Голмани – Алфонс Ареола (ПСЖ), Стив Манданда (Олимпик Марсеј), Хуго Љори (Тотенхем)

Одбрана – Лука Дињ (Барселона), Кристоф Жале (Ница), Преснел Кимпембе (ПСЖ), Лоран Кошчелни (Арсенал), Левин Курзава (ПСЖ), Џибрил Сидибе (Монако), Самуел Умтити (Барселона), Рафаел Варан (Реал Мадрид)

Средина – Нголо Канте (Челси), Блес Матуиди (Јувентус), Адриен Рабио (ПСЖ), Муса Сисоко (Тотенхем), Корентин Толисо (Баерн Минхен)

Напад – Кингсли Коман (Баерн Минхен), Оливие Жиру (Арсенал), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Килијан Мбапе (ПСЖ), Александре Лаказет (Арсенал), Томас Лемар (Монако), Флоран Тован (Олимпик Марсеј), Димитри Паје (Олимпик Марсеј)

Се вчитува...