Фрација има повеќе опции да го лимитира влијанието на Меси во осминафиналниот дуел со Аргентина на Светското фудбалско првенство, но секако нема инстант решение за да го добие мечот – вели во пресрет на дербито од првата нокаут фаза, селекторот на Франција, Дидие Дешамп.
Меси сеуште не е во полн сјај на Мундијалот, но неговиот клинички прецизен удар во победата од 2-1 против Нигерија покажа каква опасност ќе биде ѕвездата на Барселона за францускиот состав на Казан Арена.
„Меси е Меси. Погледнете ја неговата статистика, 65 гола на 127 натпревари. Работите со него се многу јасни, ние ќе се обидеме да го неутрализираме, но свесни сме дека то и со многу малку може да ја направи клучната разлика. Кога играте против Аргентина, со Меси на теренот, постојат неколку можни опции како да го намалите неговиот придонес“ – вели Дешамп во пресрет на осминафиналниот дуел.
Франција ја мина групата како првопласирана, но последниот натпревар, ремито без голови против Данска отвори многу дилеми околу изданието на селекцијата на овој шампионат. Особено во пресрет на пресметката со Аргентина која едвај се провлече меѓу осминафиналистите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА