Дешамп: Научивме од неуспехот на ЕП 2016 и тоа не одведе до титула на Мундијалот во Русија

Франција е светски фудбалски првак. Репрезентацијата на Дидие Дешамп ја совлада Хрватска со 4-2 во финалниот дуел во Москва и по 20 години ја врати светската титула во Париз. Дешамп тогаш беше играч, а сега како селектор повторно го освои пехарот „Жил Риме“. Тој вели дека Французите ја научиле лекцијата од неуспехот на ЕП 2016 и сега го положиле испитот со најдобрата оценка.

„Ова е многу млада селекција и навистина е прекрасно што некој со само 19 години стана светски првак. Знам дека не одигравме некој совршен натпревар, но, постигнавме четири гола. Болеше многу кога го загубивме дома европскиот трофеј пред четири години, но од тоа многу научивме. Овие 55 дена напорно се подготвувавме, работевме многу и сега сетоа тоа ни се исплати. Горди сме што сме Французи, да живее Републиката“, изјави еуфорично Дидие Дешамп по освојувањето на светската титула.

Се вчитува...