Дешамп по Франција презема клуб од Саудиска Арабија?

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп потврди дека заминува од клупата на „триколорите“ по крајот на Светското првенство во 2026 година, но не откри и каде ќе ја продолжи кариерата.

Во медиумите се јавија разни шпекулации за неговата следна дестинација од враќање во Јувентус, преку ангажман во Саудиска Арабија па се до превземање на репрезентацијата на Бразил. Тој сега говореше за шпекулациите негирајќи две од трите, потврдувајќи разговор со клуб од саудиската елита.

„Можеби имав некои контакти, не конкуретно со нив (Бразил). Нема да говорам за имиња, но тие ја знаат мојата ситуација“, изјави Дешамп.

Се вчитува...