Деспотовски: Во добра атмосфера сме најопасни

ЕКИПА во Љубљана,

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Полната сала и одличната атмосфера ќе бидат дополнителен мотив за најдобрите мкедонски одбојкари во денешната пресметка против Словенија во дуелот од завршното коло во прелиминарниот групен сегмент од Европското првенство во Љубљана. Нашиот тим има една победа и три бода, додека Словенците се со три триумфи и девет бода.

„Мртви сме, но сигурен сум дека ќе има одлична атмосфер во салата, „Стожице“ ќе биде преполнаа, а ние во такви ситуации сме многу опасни. Ќе играме супер, ќе си ја побараме среќта, па што биде.. “ – вели Филип Деспотовски.

За македонскиот состав ова е последен натпревар од оваа фаза од првенството. Словенците ја имаат и пресметката против Русија утре. Денеска во нашата група Ц се среќаваат и Турција-Белорусија.

Се вчитува...