Детаљ од мечот во Торино го покажа вистинското лице на Роналдо (ФОТО)

Кристијано Роналдо, поради замор, не беше меѓу стартерите за Јувентус на синоќешниот натпревар против Лацио кој „Старата дама“ го доби со 3-1, а ги одигра последните 20 минути.

Веќе со години наназад Португалецот е еден од најдобрите светски фудбалери, но многумина му забележуваат што е премногу себичен, посакувајќи ја славата само за себе, а ретко радувајќи се на головите на другите во својот тим.

Но, детаљ од синоќешниот натпревар го кажува спротивното. Откако Мората ја затресе мрежата на Лацио, Роналдо од срце се израдува потрчувајќи од просторот за загревање на резервните фудбалери кон Мората, сето тоа забележано и на фотографиите кои потврдуваат дека, сепак, тимскиот резултат му е на прво место.

Се вчитува...