Дете сакаше да се слика со Халанд во дрес на Манчестер Јунајтед, реакцијата на Норвежанецот стана хит (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд неверојатната голгетерска форма ја донесе со себе и во Манчестер Сити каде ги предводеше „граѓаните“ до три титули во сезоната. Притоа Норвежанецот го надмина и рекордот на постигнати голови во една сезона во Премиерлигата со што стана уште пославен.

Кандидатот за Златната топка е хит каде и да стапне, а сега стана и вирален на социјалните мрежи со последниот потег кога дете го замоли за слика, но во дресот на градскиот ривал Манчстер Јунајтед. 22-годишникот се одлучи да го покрие грбот на „црвните ѓаволи“ изрекувајќи „сега може да се сликаме“ со што ги насмеа присутните.

Се вчитува...