„Децата“ дадоа два гола, но Барса не успеа да ја победи Осасуна

Серијата слаби резултати на Барселона продолжи со денешното реми на каталонскиот гигант на гостувањето против Осасуна. Двајца млади фудбалери на Барса носеа водства од 0-1 и од 1-2 за тимот предводен од Чави, но се беше попусто кога одбраната попушти кога беше најважно, па Осасуна стигна до реми од 2-2.

Мечот почна одлично за каталонците, кои поведоа преку 19-годишниот Нико во дванаесеттата минута. Само две минути подоцна Осасуна израмни, откако Гарсија најдобро се снајде по една мешаница во шеснаесетникот и ја смести топкатаво мрежата.

Почетокот на второто полувреме беше драматичен, домаќините бараа пенал за играње со рака на Бускетс, судијата не досуди ништо, а Барселона во продолжение на акцијата постигна гол за 1-2 преку 19-годишниот Мароканец Езалзули.

Каталонците се бранеа се до 86. минута, кога Адила упати силен удар од дваесетина метри, Умтити малку ја закачи топката и таа заврши во мрежата.

Барселона со ова реми падна на осмото место на табелата, со 15 бода заостанување зад лидерот Реал Мадрид.

Се вчитува...