„Децата“ на Работнички одлични во Србија: Победи над Црвена Звезда, ФМП…

Првиот тим на Работнички се мачи да влезе во победнички ритам, но затоа младинските екипи се натпреваруваат во одлична форма и оваа сезона. Доказ за тоа се и настапите на селекциите М-14 и М-16 на пријателските натпревари во Белград, каде „центарци“ се покажаа во одлично светло и забележаа четири победи, една од нив над балканскиот гигант Црвена Звезда.

Двете селекции предводени од тренерот Нермин Пепиќ се покажаа во одлично светло, па така М-14 тимот забележа победи над Ребрача Академија од 85-75 и над Црвена Звезда со убедливи 83-66, додека М-16 екипата славеше над Ребрача со 93-87 и над ФМП со 90-75.

Сите кошаркари дадоа свој придонес во овој одличен резултат, но за истакнување се Марио Симиќ, Дамјан Павловски и Дарјан Димовски во М16 тимот и Стефан Илиев, Теон Бошковски, Дино Беговски и Александар Сотир во М-14 екипата.

Ова е само потврда за добрата фома на двете екипи пред клучниот дел од сезоната, ако се знае дека М-14 екипата моментно е првопласирана во домашното првенство во својата генерација, со скор 6-0, а и М-16 тимот најавува борба за највисок пласман.

Се вчитува...