Децата на сиромашни имигранти од лондонските „кафези“ владеат со англискиот фудбал

Џејдон Санчо, Рајс Нелсон, Тами Абрахам, Рубен Лофтус – Чик, Арон Ван – Бисака, Џо Гомез, Вилфрид Заха, а претходно и Рио Фердинанд. Се се ова славни фудбалски имиња кои се дел од англиската Премиер-лига, а кои потекнуваат од јужен Лондон. Делот од главниот британски град кој им припаѓа на сиромашните најчесто имигранти од воените жаришта особено во Африка.

Сите припаѓаа на семејства кои не биле во можност да им овозможат фудбалски академии. Фудбалот го учеле на бетонот во сиромашните квартови. Приказната ја иницираше Рајс Нелсон раскажувајќи ја за „The Players’ Tribune“. Постојано играле фудбал, морале да научат да се борат и да се носат со повозрасните и со посилните од нив. Рајс објаснува дека на бетонот цртале со креда фудбалско игралиште и „магијата почнувала“.

„Не смееш да плачеш. Не смееш да покажуваш емоции. Не смее ништо да кажеш. Ќе те фрлат на бетонот, ќе те разнесат во дуел, но не смеееш да си одиш дома. Кога ќе те фрлат уште еднаш на бетонот мора да си речеш „стани Рио и земи ја топката“ – раскажуваше Рио Фердинанд во неодамнешно интервју.

Фердинанд пораснал во квартот Пекам. Тој е дете на афро-американци од Св. Луција. Џејдон Санчо потекнува од Тринидад и Тобаго. Тами Абрахам е од Нигерија како и младиот Адемола Лукман. Рубен Лофтус-Чик е од Гвајана. Арон Ван-Биска е од Конго, а родителите на Џо Гомез се од Гамбија. Нелсон и Санчо се сприајтелиле играјќи фудбал на турнирите каде што доаѓале скаути на големите клубови. Така и овие момци станале дел од фудбалот во Англија.

Кога имале по 10 и 11 години играле на турнир во Софлок на кој учестувале репрезентации од 32 окрузи од целата држава. Го освоиле турнирот, а на 10 натпревари заедно постигнале 24 гола. На лондонските младински игри во 2011 година веќе сите знаеле за нив. Имале и три девојчиња во тимот, ги добиле сите натпревари и го освоиле турнирот. Особено се истакнувал Џејдон Санчо.

 

 

 

Се вчитува...