Девана Бонер ќе биде дел од ВНБА „Ол-стар“ натпреварот

Натурализираната кошаркарска репрезентативка на Македонија, Девана Бонер ќе биде дел од ВНБА „Ол-стар“ натпреварот кој годинава ќе се игра на 14. јули во Лас Вегас, Невада. Годинава двата тима ќе бидат поделени во ВНБА „Ол-стар“ тим и тим составен од патничките во Токио кои ќе настапат за репрезентацијата на САД.

Бонер сезонава игра одлично во екипата со најдобар скор на Истокот, Конектикат, каде просечно бележи по 16.1 поен, 7.4 скока и 3.8 асистенции.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN (@espn)

Се вчитува...