Девојката на Дибала: Се уште не можеме нормално да дишеме

Аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала и неговата девојка Ориана Сабатини веќе две седмици се борат со коронавирусот. Двајцата беа позитивни на Covid-19 и го надминаа најтешкото, но, како што вели Ориана, се уште имаат потешкотии со дишењето.

„Нема многу информации како да се лекуваме од коронавирусот. Докторите ни рекоа да не тренираат и не ни дадоа лекови, туку само витамини. Не паничевме уште од почетокот, знаевме дека треба да останеме мирни и да се избориме со Covid-19. Но, веднаш можете да почувствувате дека вашето тело е променето и дека пати поради болеста. Се уште не можеме нормално да дишеме. Сакавме да заминеме во Дубаи, но го чекаме вториот тест на Covid-19 и ќе останеме во Италија до самиот крај. Сите се надеваме дека светот брзо ќе го победи овој вирус. Останете дома и бидете здрави“, изјави девојката на Пауло Дибала.

Покрај Аргентинецот, уште дваја фудбалери на Јувентус беа позитивни на Covid-19, Даниеле Ругани и Блес Матуиди.

 

Се вчитува...