Џабе Дончиќ дава 42 поени, кога Далас тоне во дупка без дно

Резултатската криза на Далас маверикс уште повеќе се продлабочи по синоќешниот пораз од Мајами хит од 129-122, со кој Далас падна на 11. место во Западната конференција, пласман со кој би останал без плејин-разигрување. Катастрофалната одбрана беше причината за синоќешниот неуспех, откако Мајами само во првата четвртина постигна 41 поен (41-31), создавајќи си солидна предност што домаќините ја задржаа до самиот крај.

Лука Дончиќ одигра одличен натпревар, реализираше 42 поени, 10 скокови и 8 асистенции, но и тоа не беше доволно да се прекине серијата порази на Далас. Хардавеј постигна 31, а Ирвинг 23 поени за Далас, но сите останати кошаркари на гостите имаа едноцифрен ефект. Тимската кошарка беше заштитен знак на Мајами во оваа победа, а најефикасни беа Батлер со 35, Зелер со 20, Лав со 18…

Њу Орлеанс се врати од „минус десет“ во првата четвртина и славеше на мечот со ЛА Клиперс со 122-114. Каваи Ленард постигна 40 поени, Вестбрук реализираше 24 поени и девет асистенции, но и тоа беше недоволно за да се избегне пораз. Најдобар поединец кај Њу Орлеанс повторно беше Инграм со 36 постигнати поени.

Се вчитува...