Томас Тухел не дојде до победничко деби на клупата на Челси, откако „сините“ одиграа само 0-0 на домашен терен против Вулверхемптон. Сепак, разликата во пристапот и тактиката во однос на неговиот претходник Френк Лампард беше и повеќе од очигледна, Тухел инсистира на што поголем посед на топката и контрола на темпото. Впрочем, Челси имаше дури 820 успешни додавања, што е нов рекорд во оваа категорија за сезонава во Премиер-лигата (претходно рекордот го имаше Манчестер Сити со 810 додавања против ВБА).
Воедно, Челси со поседот на топка од 78% и бројот на успешни додавања урна два апсолутни премиерлигашки рекорди кога станува збор за деби на нов тренер на клупата на некој клуб.
Разликата во пристапот и тактиката е огромна, но од Тухел се бара истото што беше случај и со Лампард – да победува. Следната шанса германскиот стратег ќе ја има повторно на домашен терен, овојпат против аутсајдерот Барнли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА