Џака бесен на соиграчите по поразот од Њукасл: Некои фудбалери немаат м**иња

Арсенал синоќа беше поразен од Њукасл 2-0, со што си го загрози пласманот во Лигата на шампионите идната сезона. „Топчиите“ беа во одлична ситуација во однос на Тотенхем пред две кола, но сега се упропастија.

На Тотенхем во последното коло против Норич му треба само бод, за да обезбеди учество во европската „елита“, а Арсенал веројатно многу скапо ќе го плати овој пораз. После натпреварот бесен беше Гранит Џака, играчот на Арсенал кој „без влакна на јазикот“ ги нападна своите соиграчи.

„Тешко е да се најдат вистински зборови. Од првата до последната минута изгледавме како да не постоиме на тревникот. Не можам да објаснам зошто. Не игравме според планот, не го слушавме тренерот. Ужас. Вака не заслужуваме да играме во Европа. Не знам зошто не го правиме она кое го бара тренерот од нас. Ако не си подготвен за меч, остани дома. Ако си нервозен остани на клупата. Треба да се има мадиња за да се излезе тука и да се одигра. Ова е нашиот најлош натпревар“, рече Џака.

Се вчитува...