Џака остана без лентата, Арсенал избра нов капитен

Гранит Џака повеќе нема да биде капитен на Арсенал откако Унаи Емери донесе одлука да му ја одземе капитенската лента на Швајцарецот поради големиот испад и конфликтот со фановите во финишот од дуелот со Кристал Палас.

Тој не беше во тимот на наредните средби, не отпатува ниту за следниот меч од ЛШ против Сетубал, а Емери вечерва обелодени дека му ја пренел својата одлука на Џака.

„Зборував со Гранит и му соопштив дека повеќе не е дел од капитенскиот тим. Тој ја прифати мојата одлука, во иднина прв капитен да биде Обамејанг. Сега можеме да ја затвориме темата и да се насочиме кон следните предизвици“ – изјави Унаи Емери.

Се вчитува...