Џејдон Санчо се надева дека Јунајтед ќе успее да го договори до крајот на трансфер периодот

Сагата околу трансферот на Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед никако да заврши. Одличниот Англичанец синоќа не беше дел од суперкуп мечот на неговата Борусија Дортмунд против Баерн Минхен. Официјално тој го пропушти мечот поради повреда, но на големо се зборува дека го напуштил тимот како би потпишал договор со англискиот великан.

Манчестер Јунајтед цело лето се обидува да го доведе Санчо на „Олд Трафорд“, но не може да се договори со бундеслигашот за цената на англискиот репрезентативец. Како што пренесуваат англиските медиуми Санчо веќе ги договорил личните услови во Манчестер, но единствен проблем останува обештетувањето за кое германскиот тим бара 120 милиони евра и ниту цент помалку.

 

Се вчитува...