Џејкобс е наследникот на Болт – злато за Италија на 100 метра

Италијанскиот атлетичар Ламонт Марсел Џејкобс е новиот олимписки шампион на 100 метра откако во финалето заврши како најбрз со време од 9,80 секунди!

Второто место и средбрениот медал му припадна на Фред Керли од САД кој беше за четити стотинки поспор од Италијанецот, додека бронзениот медал го освои Канаѓанецот Андре де Грас со време од 9,89 секунди.

Претходно легендарниот Усеин Болт три пати во низа беше најбрз човек на светот на 100 метра, а пред Јамајканецот во 2004 златниот медал му припадна на Џастин Гетлин.

Се вчитува...