Џејми Варди е во топ форма – гол и против Кристал Палас (ВИДЕО)

Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди ја продолжи голгетерската низа и на натпреварот од седмото коло против Кристал Палас откако во 37. минута од мечот успеа да донесе водство од 2-0 за својот тим.

Во успешната контра на „лисиците“, Барнс успеа да ја протне топката до својот соиграч, а Варди не пропушти да постигне гол со кој се искачи на врвот на табелата по бројот на постигнати голови во Премиерлигата оваа сезона со шест зад своето име.

Се вчитува...