Џејмс Харден ја одби Филаделфија

Ѕвездата на Филаделфија 76, Џејмс Харден нема да ја активира опцијата од својот 47 милионски договор за уште една сезона, како би му овозможил на клубот во кој се очекува да остане уште една сезона, да донесе нови засилувања.

Според американските медиуми, Харден, е подготвен да прифати и помала плата, само клубот да се засили и да може да ја нападне титулата во НБА лигата.

Харден на половина на минатата сезона од Бруклин премина во Филаделфија, а претходно играше и во Хјустон Рокетс и Оклахома Сити Тандер.

Се вчитува...