Џејмс Харден останува, Филаделфија му подготвува нов двегодишен договор

Џејмс Харден останува во тимот на Филаделфија откако одекнаа информации од САД дека клубот му подготвува нов двегодишен договор за продолжување на меѓусебната соработка.

Управата смета дека поранешниот МВП играч на лигата е перфектен за одржување на високите шампионски амбиции на тимот.

32-годишникот запиша просек од 21 поен, 10,5 асистенции и 7,1 скока на 21 натпревар во регуларниот дел од сезоната со Филаделфија.

Харден пристигна во Филаделфија од Бруклин Нетс. Во трејдот беше вклучен Бен Симонс, кој подолг период претставуваше проблем за „сиксерси“.

Се вчитува...