Леброн Џејмс на 39 годишна возраст одново блесна во НБА лигата предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до триумф на гостувањето кај Бруклин. „Кралот“ постигна 40 поени и забележа и седум скокови и пет асистенции па ги освои и навивачите на тимот од Њујорк кои го испратија со громогласен аплауз.
По натпреварот еден од најдобрите кошаркари во историјата говореше и за пензионирање напоменувајќи дека не знае точно уште колку време ќе игра, но знае дека крајот е блиску.
„Немам уште многу долго. Сигурно нема да играм уште 20 години. Не знам кога точно ќе се затвори вратата и кога ќе се пензионирам, но немам уште долго време“, изјави Џејмс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА