Хамес Родригез пред трансфер во Катар

Хамес Родригез ќе ја продолжи сезоната во Катар, пренесуваат англиските медиуми. За колумбискиот репрезентативец нема место во Евертон по доаѓањето на Рафа Бенитез на клупата на „тофиси“ и обидот за спас на сезоната ќе биде на Блискиот исток.

Триесетгодишникот беше стандарден првотимец под водство на Карло Анчелоти. Претходната сезона одигра 26 натпревари во сите конкуренции и забележа шест гола и девет асистенции, а оваа сезона не се најде во составот за ниеден од петте одиграни натпревари.

Поранешниот играч на Порто, Монако, Реал Мадрид и Баерн Минхен во текот на летото беше блиску до враќање во редовите на Порто, но не успеа да ги договори личните услови.

Се вчитува...