Џек Грилиш донираше пет илјади фунти за навивач на Бирмингем кој боледува од леукемија

Фудбалерот на Манчестер сити, Џек Грилиш и репрезентативец на Англија, донираше пари за помош на навивач на Бирмингем кој боледува од леукемија.

Напаѓачот на актуелниот европски шампион плати пет илјади фунти и тоа е најголемата индивидуална донација досега.

Целта е да се соберат милион фунти за 20-годишниот Дилан за да може да оди на терапија во Соединетите Американски Држави, која може да му помогне да заздрави.

Овој потег на Гралиш ги воодушеви луѓето ширум Англија, а познато е дека навивачите на другите клубови не го сакаат многу и дека најчесто е мета на навреди.

Се вчитува...