Џек-пот за Работнички: Малешевиќ е пред потпис со „центарци“

Работнички се уште е без триумф од стартот на сезонава, но „центарци“ по потписот на договори со неколку моќни спонзори почнаа сериозно да инвестираат и во играчкиот кадар. Минатата седмица беа комплетирани трансферите на Американците Камерон Форте и Пол Џексон, а во следните денови се очекува да биде ангажирано уште едно големо засилување – српскиот интернационалец Никола Малешевиќ.

Станува збор за играч кој е добро познат во нашата јавност бидејќи во претходните две сезони важеше за еден од лидерите на тимот на Пелистер. Тој минатото лето ги напушти битолчани и се пресели во Цибона, но не се снајде најдобро во таборот на хрватскиот клуб и неодамна си замина од Загреб.

Разговорите меѓу Малешевиќ и управата на „центарци“ се во завршна фаза и се очекува наскоро да биде официјално потпишан договорот, по што Србинот ќе му се стави на располагање на тренерот Димитар Мираковски.

Се вчитува...