Џек-пот за „росонерите“ – Андре Силва доаѓа во Милан

Милан конечно успеа да доведе врвен голгетер во своите редови, договарајќи го трансферот на Андре Силва од редовите на Порто. Станува збор за фудбалер кој не е популарено како Обамејанг и Мората, но „росонерите“ се убедени дека токму 22-годишниот Португалец е вистинскиот голгетер за предводник на нивниот напад на почетокот на новата ера во клубот.

Бројни медиуми ширум Европа вечерва објавија дека се договорени сите детали од овој трансфер. Порто долго време инсистираше на отштета од 60 милиони евра, за португалскиот вицепрвак сепак да се согласи на вкупно 40 милиони (30 однапред, десет преку различни клаузули) и процент од следниот трансфер.

Силва утре рано наутро ќе допатува во Милано, каде по лекарските прегледи и официјално ќе го потпише новиот договор со својот нов клуб.

Андре Силва имаше извонредна сезона во дресот на Порто, постигнувајќи 21 погодок. Тој беше повикан и во сениорската репрезентација на Португалија, при што на дебито за националниот тим постигна хет-трик за 19 минути.

Се вчитува...