Џеко добива нов договор во Рома, но со намалена плата

Босанскиот интернационалец Един Џеко ќе остане во редовите на Рома до 2021 година. Интересно, тој се согласи во наредните три години да добие помала плата од досегашната. 32-годишниот Џеко отсега ќе заработува по 4 милиони евра, односно 500.000 евра по сезона помалку. По завршувањето на новиот договор, Џеко размислува да продолжи во фудбалот како спортски директор.

Напаѓачот во последните три години успеа да добие диплома за спортски менаџмент на Универзитетот во Сараево.

Се вчитува...