Џеко на 37 години потпишува нов договор со Интер

Иако во март наполни 37 години, играчот на Интер Един Џеко наскоро ќе потпише нов договор со Интер, објавуваат италијанските медиуми.

Џеко стигна во Интер од Рома во 2021 година како резервна опција, но со неговите игри се наметна и се почесто е прва опција во нападот на полуфиналистот во Лигата на шампионите. Оваа сезона Интер е во игра за два трофеи, во ЛШ и во Купот на Италија.

Освојување на ЛШ би било одлучна круна на кариерата, а токму тој ја отвори портата кон финалето на ова натпреварување. Џеко веќе е во заврши преговори со челниците на Интер, па треба наскоро да се официјализира потпишувањето на новиот договор.

Сепак, Интер летоска ќе бара уште еден напаѓач, со оглед дека Лукаку е на излезна врата од „нероазурите“ и треба да се врати во Челси, откако не ги оправда очекувањата по неговата позајмица од тимот од Лондон.

Се вчитува...