Џеко на „последниот танц“ го напаѓа рекордот на Роналдо

Един Џеко утревечер за последен пат ќе го облече дресот на Босна и Херцеговина, предводејќи го нападот на својата селекција на домашниот дуел со Шведска.

Федерацијата и навивачите најавуваат спектакуларно испраќање на легендарниот голгетер во репрезентативна пензија, а мотив плус за добра игра на Џеко сигурно ќе претставува и можноста да го урне рекордот на Кристијано Роналдо, за највозрасен стрелец во Лигата на Нации.

Кристијано имаше 40 години и 123 дена кога беше прецизен против Шпанија во јуни 2025 година, негов последен гол во ова натпреварување под капата на УЕФА.

Џеко утре ќе има 40 години и 199 дена, јасно е дека во случај на гол ќе стане нов рекордер во оваа категорија, остварување што уште долго ќе биде само негово, особено откако Роналдо со вчерашниот скандал неславно ја заврши својата репрезентативна кариера.

Се вчитува...