Џеко не трпи себичност: Полуде откако не доби топка (ВИДЕО)

Рома со победа од 3-2 против Калјари ја заврши 2020 година, а јунакот на римскиот тим беше Един Џеко, стрелецот на вториот гол на „волчиците“. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина можеше и претходно да забие погодок, кога при водство од 1-0 во контра напад неговиот соиграч Педро наместо да ја додаде топката на осамениот Џеко, се одлучи атрактивно да заврши и промаши.

По потегот на Шпанецот, 34-годишниот напаѓач полуде, а за работите да бидат уште полоши, Рома по оваа ситуација прими изедначувачки гол.

 

Се вчитува...