Џеко: Ова ми е прво, а најверојатно и последно финале во ЛШ

Интер и Манчестер Сити оваа сабота ќе се борат за трофејот во Лигата на Шампиони. Италијанскиот клуб ќе биде предводен од искусниот Един Џеко кој ги поврзува двата тима со оглед на тоа што пет години настапуваше во дресот на „граѓаните“.

Во најавата на финалето 37-годишниот репрезентативец на Босна и Херцеговина изјави дека ова му е прво, а најверојатно и последно финале во престижното натпреварување.

„Имам 37 години и ова ми е прво финале во Лигата на Шампиони. Најверојатно и последно, но никогаш не се знае. Сакам да уживам во него. Имавме одлична сезона во Лигата на Шампиони, малку полоша во Серија А, но ги освоивме Купот и Суперкупот и можеме да бидеме задоволни. Ова финале е голем натпревар за двата тима и неверојатно е чувството да учествуваш во него.

Заслуживме да бидеме тука. Знаеме дека играме против најверојатно најдобриот тим на светот, Сити е фаворит и мораме да дадеме повеќе од сто отсто. Лично се чувствувам добро, мислам дека можам многу да придонесам“, вели Џеко.

Се вчитува...