Австралискиот тенисер Алексеј Попирин приреди големо изненадување на УС Опен елиминирајќи го во четири сета Новак Ѓоковиќ.
По мечот, Попирин очекувано не можеше да ја сокрие возбудата од големата победа.
„Да, беше тоа исклучителна претстава од моја страна. Си реков пред мечот дека на последната два меѓусебни меча пропуштив некои шанси, па сега мора да ги искористам. Можеби не беше ова мое најдобро издание, имало мечеви кога сум се чувствувал и подобро на терен, но поставив одлична тактика и сепак го одиграв еден од моите најдобри натпревари“ – истакна Попирин, кој првпат играше на „Артур Еш“.
„Беше одлично. Излегов на Артур Еш околу 20 минути пред мечот, беше тоа мој прв пат. Сакав да го почувствувам да видам како изгледа. Публиката беше одлична“.
Попирин признава дека ден претходно бил шокиран од поразот на Алкараз, и тоа го мотивирало.
„Заспав во 10:30 часот и воопшто не го гледав мечот. Кога се разбудив и го видов резултатот, веднаш и покажав на мојата девојка во шок. Беше лудо. Тогаш помислив: Зошто не денес? Зошто не и јас? Така да…“ – рече Попирин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА