Џенова ја прекина низата од шест натпревари без победа со триумф на гостувањето кај Парма со 1-2, откако соиграчите на Горан Пандев стигнаа до целосен пресврт во второто полувреме, а македонскиот репрезентативец натпреварот го проследи од клупата.
Парма го отвори натпреварот преку спектакуларниот гол на Пеле во 16. минута, а за целосен пресврт во второто полувреме се погрижи Скамака кој стрелаше во 50. и 69. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА