Џенова и Пандев со важен бод од мечот со Аталанта, Јувентус лесно го совлада Калјари (ВИДЕО)

Една од најслабите одбрани во Серија „А“ онаа на Џенова, успеа да одолее на вториот најдобар напад во Лигата и да одигра без голови. Џенова го заврши мечот без удар кон голот, а неколкуте на Аталанта не завршија онаму каде што треба. Најдобрите шанси Аталанта ги имаше во финишот, кога не го најде патот до голот на Сиригу.

Пандев влезе во игра во 72. минута, но без свој придонес по противничкиот гол.

Во вториот меч, Јувентус со головите на Кеан и на Бернардески успеа да победи со 2-0, и да оствари важен триумф во битката за врвот на табелата, додека Калјари остана претпоследен на табелата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...