Џенова конечно победи, Пандев остана на клупата

Џенова ја оствари првата победа во новата сезона од Серија А, откако дури во осмото коло славеше на гости против Калјари со 2-3. Македонскиот интернационалец Горан Пандев на овој меч беше на клупата за резерви, а Галабинов, Тарабт и Ригони беа стрелци за тимот на Џенова.

Сампдорија со пресврт во второто полувреме славеше против Аталанта. Кристанте ги доведе гостите во водство во 21.минута, а Запата, Капрари и Линети направија целосен пресврт во вториот дел. Болоња ја оствари третата победа во серија, совладувајќи го Спал на домашен терен со 2-1.

Резултати Италија: Болоња – Спал 2-1, Калјари – Џенова 2-3, Кротоне – Торино 2-2, Сампдорија – Аталанта 3-1.

Се вчитува...