Џерард: Брзо учам за тренер, а Клоп е тука да ми помогне

Стивен Џерард имаше зад себе блескава играчка кариера, но легендата на Ливерпул реши тренерскиот занает да го пече од самиот почеток, работејќи со младинскиот тим на Ливерпул за играчи до 18 години. Покрај пласманот во нокаут фазата од младинската Лига на шампиони, Џерард бележи добри резултати и во домашното првенство, а поранешниот англиски репрезентативец не крие задоволството од почетокот на оваа нова страница во неговиот фудбалски живот.

Ова дава една сосема поинаква перспектива на фудбалот. Ги учиме младите деца на спортска култура, не може кога ќе наполнат 18 години веднаш да им го промените тоа и да им кажете дека отсега мора да победуваат на секој натпревар. Тука се и секојдневните проблеми околу училиштето, дисциплината… Можам да кажам дека брзо учам за тренер и задоволен сум од овој почеток. Дефинитивно многу повеќе ја почитувам и тренерската работа и ги ценам сите останати стратези, бидејќи увидов дека тоа е многу повеќе од фудбалска тактика“ – изјави Џерард.

Тој има пофални зборови и за менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, од кого ја добива неопходната поддршка.

Можам кога сакам да тропнам на неговата врата и тој ќе ми помогне. Немам потреба да го контактирам секој ден, но многу значи што знам дека секогаш кога ми треба, тој е тука. Тој ми даде бројни совети на самиот почеток, ме насочи во вистински правец во текот на летото, но сега не сакам премногу да го заморувам бидејќи ионака има премногу обврски во текот на сезоната“ – истакнува клупската легенда на Ливерпул.

Се вчитува...