Џерард дојде во Англија на потпис со Астон Вила

Стивен Џерард е подготвен да застане на кормилото на Астон Вила откако клупската легенда на Ливерпул ги договори начелните услови за својот прв тренерски ангажман во Премиер-лигата.

Џерард со огромен успех го води тимот на Глазгов Ренџерс, со кој успеа да ја прекине долгогодишната доминација на градскиот ривал Селтик. Токму тоа е главна препорака за Астон Вила да го „пикира“ токму Џерард за главен кандидат по отказот што му беше врачен на Дин Смит.

Првичните разговори вродија до плод, по што Џерард денеска пристигна од Шкотска во Англија, на завршни преговори и потпис на договорот со Астон Вила. Интересно е што истиот ќе биде со важност до јуни 2024 година, кога истекува и договорот на Јирген Клоп со Ливерпул, а Џерард веќе извесно време важи за идеален кандидат за наследник на Германецот кога тој ќе си замине од „Енфилд“.

Се вчитува...