Џерард пред експресен „кам-бек“ во Премиерлигата?

Стивен Џерард, легендата на Ливерпул само неколку недели откако доби отказ од Астон Вила, е пред наоѓање на нова работа во Премиерлигата. Некогашниот англиски репрезентативец сега изби во прв план за нов тренер на Лидс.

Лидс пред неколку дена го отпушти Џеси Марш, и од тогаш е во потрага по нов тренер. Засега понудите ги одбија Карлос Кобреран од ВБА, Андони Риаола од Рајо Валјекано, и Арне Слот од Феенорд.

Поради тоа во прв план сега излезе Џерард, кој во октомври доби отказ од клупата на Астон Вила. Него го наследи Унаи Емери, а после повеќе од три месеци, екс менаџерот на Глазгов Ренџерс може да се врати во Премиер-лигата.

Се вчитува...