Џерард: Ренџерс и Селтик во Премиерлига е спас за шкотскиот фудбал

Легендарниот Стивен Џерард вели дека учеството на клубови како Ренџерс и Селтик во Премиер лигата можат многу да го подобрат шкотскиот фудбал.

„Би сакал шкотската лига да се инфилтрира во англискиот фудбал. Мислам дека тоа може да биде спас за шкотскиот фудбал. Англичаните не знаат колку се големи Селтик и Ренџерс бидејќи не ја пратат многу лигата. Замислете два такви тима со такви навивачи во Премиер-лигата. Неверојатно“, изјави Џерард. 

Џерард е од 2018 на клупата на Ренџерс кој во моментов е на втората позиција во шампионатот на Шкотска со два бода помалку од вечниот ривал Селтик.

Се вчитува...