Џерард седнува на клупата на Астон Вила

Стивен Џерард ќе биде нов тренер на Астон Вила, пренесуваат англиските медиуми. Преговорите помеѓу поранешниот ас на Ливерпул и клубот од „Вила Парк“ се во завршна фаза, а сегашниот клуб на 41-годишникот, шкотски Ренџерс ќе добие обесштетување од три милиони фунти.

Разврската од целата ситуацијата се очекува да заврши во следните 48 часа по што дебито на клупата на Астон Вила, Англичанецот ќе го има на 20. ноември кога на „Вила Парк“ гостува Брајтон.

Како потсетување, доскорешниот тренер Дин Смит доби отказ по петте порази во низа, а изборот на раководството на Астон Вила падна токму на Стивен Џерард кој направи чуда со Ренџерс претходната сезона, предводејќи го тимот до титула по децениска пауза.

Се вчитува...